95
Гран при наградата на годинашниот прилепски карневал „Прочка2024“ ја освои групната маска „Тутуноберачите“ на децата од прилепските градинки „Наша иднина“.
Прво место освоија учениците од ОУ „Рампо Левката“ со маската „Весела дружина на водното царство“.
Поединечно, најдобра беше маската „Мистик“ на Мила Спироска од ОУ „Климент Охридски“.
Пред прилепчани денеска своите маски ги претставија околу 500 учесници, од Прилеп но и од други места од земјата.
Карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари кои се заштитна маска на Карневалот и се прогласени за нематеријално културно богатство од Министерството за култура.
Карневалските свечености траеја три дена.