468
Синоќа по полноќ настанала групна тепачка помеѓу повеќе лица во ноќен клуб во Неготино, пренесува МВР. За учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
„На 09.06.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Неготино во ноќен клуб бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Љ.Ч.(19), Г.Н.(19) двајцата од Демир Капија од една страна и Х.И.(18) од Неготино, З.З.(28) од с.Пепелиште и уште едно лице на возраст од 17 години од Неготино од друга страна. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.