Верни поддржувачи на Никола Груевски и ВМРО на социјалната мрежа Фејсбук отвориле група за поддршка со која што, како што тврдат, покреваат иницијатива за спас на дејците и револуционери на денешното ВМРО, на чело со лидерот на Организацијата Никола Груевски.
Како што е наведено во групата, дури и да било вистина тоа дека краделе, алал да им биле парите, бидејќи сепак, тие биле херои.
,,Браќа и сестри Македонци, ова е иницијатива за спас на дејците и револуционери на денешното ВМРО, на чело со лидерот на Организацијата Никола Груевски. И да е вистина тоа дека краделе, алал нека им се парите што е до мене, бидејќи овие луѓе се хероите на Македонија. Колку и да украле, колку и да убиле, колку и да вршеле терор, ТИЕ НЕ СМЕАТ ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР ЗАШТО СЕ ХЕРОИ, А НЕ ОБИЧНИ СМРТНИЦИ! ЗАТОА ЈА ПОКРЕНУВАМ ОВАА ИНИЦИЈАТИВА! ДА ГИ СПАСИМЕ ЛУЃЕТО КОИ ЈА СПАСИЈА ДРЖАВАТА! ДРЖАВАТА Е ПОБИТНА ОД ПАРИТЕ, АЛАЛ НЕКА ИМ СЕ ПАРИТЕ ШТО ГИ КРАДЕЛЕ, АМА ТИЕ НЕМА ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР! Се надевам дека ќе ја поддржите мојата иницијатива, ве молам споделувајте ја страната за да собериме што е можно повеќе поддршка!” – стои во соопштението постирано најверојатно од авторот на групата за спас.
Засега, групата која што е активна еден ден, има само пет поддржувачи. Насловена е Слобода за Никола Груевски и дејците на ВМРО.
Вики Клинчарова