Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата непосредно пред гласањето за потребата за уставни измени, испратија соопштение со наслов „Со верба во Македонија и нејзината иднина“ и велат дека го прифаќаат предлогот на Владата за пристапување кон уставни промени, но под одредени услови.
„Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните амандмани:
- Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет
- Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.
3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.
4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена.“