Група педофили во Шкотска организирале „ноќи на силување деца“: Добија доживотни казни

by Fokus

Седум членови на групата за која е утврдено дека сексуално злоставувале деца во Глазгов се осудени на доживотен затвор поради злоупотреба на три деца помлади од 13 години, јавуваат британските медиуми.

Иен Овенс (46), Елејн Ланери (40), Лесли Вилијамс (43), Пол Бранан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (49) беа осудени на затворски казни од осум до 20 години, објави Би-Би-Си.

На осудените им беше изречена наредба за доживотно ограничување (OLR), што значи дека можеби никогаш нема да бидат ослободени од затвор.

Во пракса, ОРЛ претставува доживотна затворска казна, но дозволува теоретска можност осудените да бидат ослободени на условна слобода по отслужување на затворската казна. Во тој случај би биле предмет на строг надзор до крајот на животот. Ако после тоа направат кривично дело, се враќаат во затвор.

Овенс, Ланери, Вилијамс и Бранан, меѓу другото, беа прогласени за виновни и за обид за убиство на дете кое го затвориле во микробранова печка и кујнски кабинет.

Високиот суд во Глазгов утврди дека злоупотребата траела повеќе од седум години во дружење со нелегални корисници на дрога. Децата претрпеле силување, обид за убиство и физичко насилство.

Вознемирувачки детали

Две девојчиња и едно момче биле насилно и сексуално злоставувани во повеќе наврати од 2012 до 2019 година.

На судењето беше кажано дека групата организирала „ноќи на силување“ и „ноќи за танцување и секс“ во запуштен стан во Глазгов. Девојката била силувана од членовите на групата додека се уште носела пелени.

Таа го опиша станот како „темна и страшна ѕверска куќа“ бидејќи била затворена во плакар со кутија полна со пајаци. Девојчето исто така било затворено во микробранова печка и фрижидер и принудено да јаде кучешка храна.

Постарото момче и девојче биле подложени на дивјачки тепања и сексуално насилство. Членовите на групата користеле и тешки дроги пред децата и ги поттикнувале да консумираат алкохол и дрога.

Обемот на злоупотребата беше непознат со години.

Центарот за социјална работа првпат започна со мониторинг на жртвите во август 2017 година, а во јули 2018 година издаде проценка за нивната ранливост. Сепак, целосниот обем на злоупотреба беше откриен дури во март 2020 година.

Сите седуммина обвинети ги негираа обвиненијата, но беа прогласени за виновни во ноември 2023 година, по двомесечно судење.

Изрекувањето на казната беше одложено во очекување на проценка на ризикот пред изрекувањето на доживотна забрана.

Поврзани новости