Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

by Fokus

Со транспаренти „Не требаше ни ден да бидат во затвор, а не со години“ и „Од тој 27 до денес искрвари Македонија, тие се обидоа да го спречат тоа, слобода за нашите браќа“, група граѓани попладнево со собир пред Собранието побараа „слобода“ и „правда“ за обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, пренесува 360 степени.

За „крвавиот четврток“ во 2017 година беа обвинети 33 лица, од кои, во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор со Закон за амнестија беа помилувани 15 лица меѓу кои и петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор.

Поврзани новости