Грујо го нема во „селфито“ на Тимошенко

by Фокус

Поранешната премиерка на Украина, која штотуку излезе од затвор по немирите во Киев, беше вистинска ѕвезда на конгресот на европските десничарски партии во Даблин каде вчера и денеска учествува и премиерот Никола Груевски.

Неа ја придружуваше и Виталиј Кличко, предводникот на опозициските протести во Украина.

Тимошенко имаше срдечни средби со претседателот на Европската комисија Жозе Баросо, експремиерот на Бугарија Бојко Борисов, канцеларката Ангела Меркел, а нашла време и да се пошегува бидејќи за време на конгресот направила „селфи“ налик на она оскаровското кое стана многу популарно.

За жал, во кадарот на „селфито“ го нема нашиот премиер, а на официјалната галерија за настанот во Даблин досега нема заедничка фотографија на Груевски со Тимошенко или со ексбоксерот Кличко.

а

timosenko_borisov

klichko

 

Поврзани новости