580
Поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски одбиле бугарски превод на судското рочиште во Врховниот суд во Атина каде требаше да се разгледа нивната жалба по судската одлука за нивна екстрадиција во Македонија. Во судот имало обезбедено преведувач на бугарски јазик, но одбраната инсистирала на превод на македонски јазик.
Бошковски и Груејевски, инаку, се криеја под имињата Владимир Варелов и Неџби Хасан, а беа фатени во октомври на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши.
Поради нивното неприфаќање на бугарски превод, Врховниот суд го одложи рочиштето за 2-ри март, јави дописникот на МИА од Атина.
Грујевски и Бошковски од Врховниот суд се вратени во атинскиот затвор „Коридалос“.