390
Екс началниците на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, поднеле барање за политички азил во Грција, соопштија неофицијално адвокатите кои ги застапуваат нивните предмети пред судот во Солун.
Денеска беше одложено уште едно рочиште во солунскиот суд за лажните пасоши на Грујевски и Бошковски. Рочиштето е презакажано за 18 мај, а пет дена претходно судот треба да одлучи дали ќе го прифати барањето тие да бидат екстрадирани во Македонија.
Според нивните адвокати, без разлика каква одлука ќе донесе судот, обвинетите имаат право на жалба која ќе го одложи нивното евентуално екстрадирање.