Груевци барале запирање на постапките против нив, СЈО ги одби

by fokus

Вкупно 17 функционери од списокот за аболиција на Иванов побарале од СЈО доказ дека нема да ги гони.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски преку неговиот адвокат барал од СЈО да му достави решение со кое се прекинува кривичната постапка против него во Специјалното обвинителство за случајот со рушењето на Космос, под кодно име ТНТ.

Од друга страна, по објавувањето на аболицијата, Груевски и јавно и со писмо до Иванов бараше да се повлече аболицијата против него.

Уште додека се водела тајна, предистражна постапка екс директорот на УБК, Сашо Мијалков заедно со началникот на петта управа Горан Грујевски побарале исто такво решение, како доказ дека се прекинува постапката за која се уште не беше отворена истрага.

Тоа се единствените лица од списокот на Иванов кои побарале да се прекине постапката против нив иако се уште немаат статус на осомничени.

Од СЈО информираа дека меѓу функционеритекои барале прекин на кривичните постапки, се и екс-министрите Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски, секретарот на влдата Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец- Едмонд Темелко, битолскиот градоначалник Владимир Талевски. За сите нив Иванов ја повлече аболицијата.

Одбраната на функционерите од власта вели дека не им биле доставени решенијата од СЈО.

Поврзани новости