Груевски законски влегол и ја напуштил Црна Гора, вели црногорскиот министер за надворешни работи

by fokus

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, изјави денеска во Подгорица дека неговата земја не ги повредиле дипломатските протокли во случајот со бегството на екс премиерот, Никола Груевски, осуден на две години затворска казна.

Според Дармановиќ, Црна Гора во случајот постапила како и со сите други граѓани бидејќи во моментот кога Груевски влегол во земјата, против него се уште не била распишана потерница. Властите во Македонија, додаде тој, распишаа потерница после тоа.

-Немаше никаков законски проблем за тој да влезе или да ја напушти земјата. Министерстовото во тој дел нема никаква улога или надлежност. Во време кога Груевски одлучил да побарал азил, тој се уште не бил на потерница ниту, пак, Македонија укажала дека го има прекршено законот. Црногорските надлежни државни органи постапиле како и со сите други граѓани, тој бил во друштво со дипломати и немало никаква законска пречка да влезе или да ја напушти нашата држава – изјави шефот на црногорската дипломатија.

Поврзани новости