Груевски: Загрижувачки вести од работата на заедничката комисија со Грција

by fokus

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, кој е во бегство, утринава напиша нов статус на својот фејсбук профил, каде ја коментира работата на македонско-грчката комисија за историски прашања.

„Загрижувачки вести од работата и односот на комисијата за историски прашања со Грција… Претседателот на грчката комисија во еден дел и објаснува на својата јавност дека од наша страна по однос на договорот кој го подготвуваат имаат “гол без голман”. Тој вели: …”Грчката комисија не гледа предлог од другата страна дека дел од денешна C.Македонија е наследник историската Македонија од антиката”…
На што ли не е спремна врхушката на оваа власт за да добие заштита за направениот криминал…“, напиша Груевски.

Поврзани новости