Поранешниот премиер, Никола Груевски, им препорача на владините функционери воопшто да не патуваат за да заштедат 16 милиони денари за 11 години. Тој ја коментираше анализата на Владата која покажува дека актуелните функционери трошеле помалку за службени патувања, од претходните.
-СДСМ подобро да не патува, да не прави трошоци, ќе заштеди многу повеќе пари отколку кога патува бесцелно – рече Груевски по денешеното рочиште за случајот „Тенк“.
Како резултат на тие патувања, рече Груевски. Отворени се нови работни места во државата.
– Политичарите кога патуваат, патуваат со одредени цели, а јас секогаш кога сум патувал сум имал одредена цел. Од она што можам да го забележам СДСМ и Заев помалку патуват отколку што патувавме ние, гледаме дека нема никакви ефекти од нивното патување – истакна Груевски и додаде дека кога тој патувал како премиер имал многу економски патувања од кои привлекувал многу инвеститори.