Непринципиелна хајка и политички прогон, вака довчерашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ги нарече судењата против него во предмети на Специјалното јавно обвинителство. По денешното одложување на рочиштето за случајот „шамари во Општина Центар“, Груевски изјави пред судот дека преку судењата, премиерот, Зоран Заев, се реваншира за изборните порази на СДСМ од претходните единаесет години.
-Немам што ново да додадам во однос на овие предмети, што власта, заедно со СЈО, ги турка цела година. Заев ми се одмаздува за 11 години порази. Измислија обвиненија без докази. Нелегално стекнатите материјали станаа докази. Последниот чин беше да ги сменат и судиите. За разлика од овие судења видовте што се случува со судењето на Заев каде судијката му се извинува – изјави Груевски.