Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по завршување на минатите локални избори во 2013 година рече дека поразот на СДСМ и Бранко Црвенковски е класичен пример како ја завршуваат кариерата политичарите кои ја злоупотребуваат довербата на народот.
-Она што се случува со Бранко Црвенковски е слика и прилика и добар случај за сите оние кои почнуваат да се занимаваат со политика или планираат да се занимаваат за да видат како завршува еден политичар кој што во некое време му била дадена најголемата доверба од граѓаните и тоа во неколку наврати. Тој не ја искористил, напротив, ја злоупотребил, ги манипулирал, ги лажел, ги потценил, верувал дека ништо од тоа нема да препознаат и ова е неговиот завршеток, ова е неговиот крај. И затоа велам е одлична прилика за сите оние кои започнуваат или сакаат да се занимаваат со политика да научат и да видат еден класичен случај тука во Македонија, кај нас, како граѓаните казнуваат политичари кои со години си поигруваат со нивните емоции, чувства и со нивната доверба, рече тогаш Груевски.
На овие избори ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл каков што доживеа СДСМ во 2013 година. А, изгледа Груевски е новиот Црвенковски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не ја научи лекцијата која во 2013 година токму тој им ја посочи на другите политичари.
К.С.