673
Над 26 милиони евра потрошила поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за пропаганда, односно толку пари се одлеале во националните телевизии во периодот од 2010 до 2017, покажуваат податоците што БИРН ги извади од базата „Отворени финансии“, која е активна од минатата недела, пренесува „Призма“.
Дури 95 отсто од грандиозната сума завршила на само три национални телевизии – Сител, Канал 5 и Алфа ТВ. Телевизија Сител е апсолутен рекордер, со тоа што ѝ биле исплатени 10,2 милиони евра во тој седумгодишен период, a семејната телевизија на Љубисав Иванов – Ѕинго, во 2015 добила најмногу – 1,8 милиони евра.