Груевски за господинот Мијалков: Слушнав дека влијаел врз пратеници, ама не видов докази

by fokus

Екс премиерот Никола Груевски рече дека и тој во Унгарија ги слушнал озборувањата дека неговиот братучед Сашо Мијалков влијаел врз пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за уставните измени, но истакна дека не видел докази за такво нешто. Интересно е што Груевски неговиот братучед го ословува со господинот Мијалков.

-Јас не сум вршел никакво влијание на пратеници. Јас гласав против уставните промени, и затоа не можам да убедувам други пратеници да го сторат спротивното. Други луѓе направија поинаку. Се зборува дека господинот Мијалков така направил, но јас не видов докази. Доколку има докази треба да се објават, рече Груевски во вечерашното интервју на „Сител“, додавајќи и дека не се мешал во одлуките на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Неизвесно остана дали бегалецот Груевски комуницира со неговиот братучед Мијалков.

Поврзани новости