Груевски во Охрид направи реминисценција за себе: Палавото дете кое постојано нешто правеше

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, говорот во првиот митинг на неговата партија во Охрид, го започна со реминисценција на неговото детство и летувањето во Охрид.

-Бевме во Охрид на одмор со моите кога имав 10 години. Бевме сместени во приватно сместување во Пештани. Сигурно сега на синот на газдата не му текнува на плавото дете кое постојано нешто правеше. Кое едвај чекаше газдата да ги рани домашните животни и гледаше како првпат да го гледа тоа, носталгично се потсети Груевски.

Потоа почна да ја набројува секоја улица и игралиште кое е направено во изминативе години во Охрид и му се заблагодари за се на Никола Бакрачевски.

Поврзани новости