390
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Брисел се сретнал со шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и изразил загриженост дека новата власт ја гуши слободата на медиумите и сака да го партизира судството.
-Тука имам предвид што се се случува со медиумскиот сектор во Македонија по доаѓањето на новата власт. Загушувањето и притисоците врз медиумите, особено врз сопственицита на медиуми, вклучително и притисоците на Специјалното јавно обвинителство и на намерите на новата власт за партизација на судството. Преку плаштот на нови реформи во судството, практично се има намера за партизирање и целосна контрола врз судскиот систем во Република Македонија, рече Груевски.