Во моментов на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ говори единствениот кандидат за лидер на партијата, Никола Груевски. Тој зборува за проблемите со кои се соочувале изминативе години и порача дека неговата партија ќе ги продолжи преговорите за влез во Европската унија.
– ВМРО ДПМНЕ како одговорна партија ќе ги продолжи разговорите со Грција во јасно поставени позициии. ВМРО ДПМНЕ ќе ги продолжи преговорите и за членство во Европската унија, но за разговор се потребни двајца. Ја гледам опозицијата како не напаѓа дека сме биле спремни да ги продадеме националните интереси, па ние сме осум години и осум месеци на власт и не сме ги продале интересите, рече Груевски.
Како два најголеми предизвици со кои ВМРО-ДПМНЕ се соочило минтатите четири години, сегашниот и иден партиски лидер ги посочи кризата во Европа и, како што рече Груевски, обидот на Заев и Црвенковски на 24 декември преку насилно преземање на парламентот да дојдат на власт.