Груевски: ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното

by Fokus

До крајот на годината целосно ќе се завршат инфраструктурните работи во поплавените подрачја и ќе биде целосно исплатена оштетата во поплавените подрачја, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при денешната посета на Стајковци.

Според него, 3.003 домаќинства веќе го имаат добиено авансот од по 500 евра, а се очекува по донесување на ребалансот на Буџетот да почне и со исплата на целосната оштета.

– Во инфраструктурата во населените места опфатени со поплавата ќе бидат инвестирани шест милиони евра, а дополнително уште шест милиони евра во обнова на обиколницата на која се очекува да се почне со работа за еден до два месеца – истакна Груевски.

 

Поврзани новости