Груевски: ВМРО-ДПМНЕ го овозможи одржувањето на Суперкупот

by Fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски преку статус на фејсбук се пофали дека одржувањето на Суперкупот на УЕФА во арената Филип Втори се дело на владата што тој ја предводеше.

Според правилата на УЕФА, Владата која ја предводев заедно со ФФМ официјално поднесовме кандидатура, заедно лобиравме и убедувавме, заедно ветивме дека ќе се исполнат сите услови и заедно ги исполнивме. Националната арена Филип Втори Македонски која пред една деценија беше половичен фудбалски стадион само со јужна трибина, денес, наспроти скептиците и политичарите кои го убедуваа народот дека ќе се сруши и новите трибини ќе паднат, е дооформен и целосно компатибилен атрактивен конкурентен и модерен спортски комплекс кој ќе биде домаќин на големото фудбалско доживување – напиша Груевски.

Тој ја критикува новата влада дека ги кочи крупните проекти, кои тие ги започнале.

– Си заминав дома со мислата колку би било убаво секоја наредна влада по нас да се потруди да изгради и создаде повеќе од нас, поубаво од нас, повпечатливо и покорисно истовремено, наместо како сегашната, да не прави ништо и целата енергија да ја впери во девалвирање на она што нивните опоненти го направиле, и во кочење на крупните проекти кои сме ги започнале, а прекинот на мандатот не ни овозможи да ги довршиме – додава Груевски.

Поврзани новости