Очигледно е дека она што го изјави Никола Димитров, дека се очекува за околу два месеци да се реши проблемот со името и да се дојде до решение кое што ќе се објави , очигледно е дека за тој период им треба некој предмет да е готов, да направат некој чекор во тој правец и брзаат по секоја цена, изјави поранешниот премиер Никола Груевски по денешното судење за случајот „Тенк“.
-Да речеме еден од сведоците не дошол затоа што доставата отишла на адреса каде што тој не живее и веќе го исфрлија од сведок. Значи нема за наредното рочиште да го повикаат, да се најде каде е адресата и така натаму, туку веќе не може да биде сведок. Значи по секоја цена се брза. Се прават тешки и крупни преседани за да се донесе една судска одлука во исто време или приближно време кога треба владата на Република Македонија, СДСМ, да направи еден чекор кој што очигледно се оди кон промена на името по грчки терк, рече Груевски.
Тој додаде и дека постапката за Гордана Јанкулоска била одвоена токму со таа цел, да го фателе рокот за промена на името.