410
Поранешниот премиер Никола Груевски по денешното рочиште за случајот „Тенк“, за драстично намалената вредност на мерцедесот, кој сега чини 234 илјади евра, а кој тој го нарача за 600 000 евра додека беше премиер,рече дека власта повторно се служи со популизам.
-Намерата е едно од двете, или планираат да создадат клима за да не се продава мерцедесот или планираат да го продадат на некој свој, трето не може да биде, изјави Груевски.