496
На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд беше најавено дека утре протестот ќе се одржи пред истражниот затвор во Шуто Оризари каде се притворени осомничените за настаните на 27 април во Собранието.
Протестот како и минатите денови, и денеска го предводеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој порано во текот на денот објави дека ќе си поднесе оставка од лидерската позиција.