Груевски уште ќе гради, најави изградба на нови училишта

by fokus

Иако нема никаква функција, поранешниот премиер Никола Груевски продолжува да врши увид на градежни работи и да пушта во употреба објекти изградени од државата.

Тој денеска најави дека ќе бидат реконструирани и изградени уште неколку училишта, иако веќе не е ниту дел од парламентарното мнозинство кое ќе ја формира новата влада.

-Годинава планирани се 4 нови и за нив веќе е завршен тендерот, за три е завршен е тендерот, потпишан е договор и во наредните денови ќе започне градбата на три нови училишта, а за недела –две од сега, ќе се потпише и договор за четвртото училиште што е планирано за оваа година, да се изгради ново. Значи четири нови училишта за три е веќе потпишан договор, обезбедени пари, а за едно училиште претпоставувам во наредните недела дена до 15 дена треба да се потпише договорот и на тоа училиште да се започне со градба, изјави денеска Груевски на отворањето на ново спортско игралиште во населбата Припор.

 

Поврзани новости