Груевски тврди дека ништо негово не е запленето и национализирано

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта тврди дека ништо не е запленето и национализирано од него, односно ништо што било негова сопственост.

Тој тврди дека власта извршила силен притисок, уцена и закана кон тројца бизнисмени, двајцата ги држеле во притвор за да кажат дека одреден имот кој е нивни или имале некаква допирна точка со него, бил мој или наменет за него.

-Обвинителството нарача од меѓународна правна помош информации за тоа точно, кој и кому е плаќано од таа фирма во странство која купувала земјиште, и од каде и дошле приходите со кои инвестирала. Се извршија и други проверки на македонските фирми. Ниту една трансакција за плаќање од моја страна,мој близок, некој што може да се поврзи со мене или Македонец, ниту пак извор од каде се тие пари кои наводно сум ги платил, ниту сведок кому сум му дал пари или од кого сум земал пари, ниту било каков документ со мој потпис, ниту било каква поврзаност со тие кои купувале, ниту пак тие кои го купувале тој имот, или оние кои го продавале, ме посочија мене дека сум побарал од нив такво нешто или сум им дал пари, пишува Груевски на Фејсбук.

Бизнисмените, како што тврди тој, жртвувале сопствен имот за да се спасат.

-Имотот без никаков доказ обвинителот и судијата ми ги натоварија на мене, за да може СДСМ пред избори тоа да го користи, а Заев да каже дека нешто успеал и да го задоволи своето его и бедна душа. Два од тие станови ги имав изнајмено под кирија со уредно потпишан договор за изнајмување, а другите три ниту сум ги видел, ниту знам каде се, ниту имам било каква врска со нив, исто и како со двете земјишта. Ниту еден стан од овие кои ми ги препишуваат никогаш не бил на мое име или на мој близок, додава тој.

Груевски очекува Вровниот суд да пресуди во негова полза за случајот „Плацовите на Водно“.

Директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа изјави дека откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра.

Поврзани новости