Владате целосно ќе ги обештеи семејствата во кумановската Дива населба, чии домови настрадаа во судирот меѓу македонската полицика и криминално-терористичката група пред извесно време, изјави премиерот Никола Груевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
– На првата владина седница по случувањата во Куманово е донесена одлука на 125 семејства да им се исплати првична помош од 100 илјади денари по семејство, а веќе е направена и теренската проценка на штетите од страна на формираната комисија од владата. Проценката е завршена и на следната седница на владата треба да биде усвоена по што ќе следи исплатата од 100-процентен износ. Над 80 куќи се оштетени повеќе или помалку, а околу 16 се сериозно оштетени така што на сите 100 отсто ќе им биде покриена штетата – рече Груевски.