Груевски трошел 17.000 евра за авионски карти, додека Заев за истиот период потрошил 1.200 евра

by Fokus

Функционерите во владата на Никола Груевски во период од шест месеци во 2014 година потрошиле 44,9 милиони денари за службени трошоци, што е двојно повеќе во споредба со владата на Зоран Заев, кои во првите шест месеци од своето владеење потрошиле 21,9 милиони денари.

Ваквите бројки денеска ги презентираше министерот без ресор во владата на Заев, Роберт Поповски, кој ја презентираше новата веб платформа за отчетност на трошоците на ноасителите на јавните функции. Во неа се внесени трошоците на 60-тина владини функционери направени во периодот од 1-ви јуни до 1-ви декември 2017 година, додека за споредба вметнати се и службените трошоци на Владата на Никола Груевски во истиот период од 2014 година.

Ако убаво се разгледа платформата може да се забележи дека Заев за службени трошоци потрошил, 2,92 милиони денари, додека Груевски потрошил 5,18 милиони денари.

 

Најголемата разлика има кај трошоците за авионски карти, на кои Груевски потрошил 17.000 евра, додека Заев потрошил само 1.200 евра. Заев трошел повеќе од Груевски за вип салони на аеродроми, изнајмување возила во странство, како и за дневници при патувања во странство, додека Груевски трошел повеќе за хотелско сместување во странство, подароци кои ги подарувале при службените патувања и за јавен превоз.

Сите потребни информации може да се најдат преку оваа алатка.

 

Поврзани новости