Груевски: Стефанова побара максимална казна за мене, а минимална за Камчев

by fokus

По денешните завршни зборови за случајот „Плацеви на Водно“, екс премиерот Никола Груевски се обрати на фејсбук од Будимпешта.

-Не беше тешко да се претпостави, како што веднаш и објавив пред околу две недели – веднаш по направениот „голем пазар” по кој следеше комплетен пресврт во нивните изјави, она што денес всушност се случи, обвинителката Лиле Стефанова во завршните зборови денес да побара од судот максимална казна за мене, а минимална за Јордан Камчев и условна за Ристо Новачевски, напиша Груевски.

Тој уште еднаш повтори дека исказите на обвинетите не требало да се сметаат за доказ, бидејќи може и да лажат за да се спасат.

-Предмет во кој обвинителството не обезбеди ниту елементарен матерјален доказ, ниту вербален доказ кој директно од сведоците ме посочува мене дека навистина сум купил и криел земјишта и станови, ниту влез и излез на мои пари или на лица поврзани со мене, ниту пак можеше да обезбеди бидејќи тоа не се случило, напиша Груевски, повторно објавувајќи ги телефонските разговори со бизнисменот Орце Камчев кои ги снимал.

Поврзани новости