Груевски: Спремни сме за голема победа

by fokus

– Подготвени сме за силна и голема победа – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.

Груевски рече дека нивната победа е единствениот излез од кризата, гарант за безбедност на државата и пат до НАТО и ЕУ.

– Како партија и како коалиција сме подготвени во секој поглед. Програмата веќе ја затвораме, последните работи се прават, деновиве и таа ќе се затвори. На терен сме максимално присутни во комуникација со граѓаните и сите оние други работи коишто се потребни за една изборна кампања ги подготвуваме и се во динамика што ги исполнува сите рокови – изјави Груевски.

 

Поврзани новости