478
Додека Груевски го даваше воведниот збор судијката Добрила Кацарска го прекина уште на првата реченица и го замоли да ја извади едната рака од џеб.
Потоа Груевски продолжи со воведниот говор и рече дека со непријатност се соочил кога не добил збор во текот на денесното рочиште.
– На СЈО им давате збор, но не и на мене. Ова е спрега меѓу судот и СЈО. Затоа и јас ќе возвратам со поговорка: Кадија те суди, кадија те тужи, рече Груевски реплицирајќи и на обвинителката Ленче Ристоска, која претходно рече дека на човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш, алудирајќи дека записниците не можеле да им бидат дадени на сила.
Тој додаде дека бидејќи ги нема на увид доказите не е во можност да даде воведен говор.
В.В.