526
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи ја новата листа со спорни гласачи на ДИК, рече дека ова било шанса да се проверело колку „обвинувањата од опозицијата за фантомски гласачи биле реални”.
– Прво го слушавме СДСМ како зборува дека има 500.000 фантомски гласачи во Македонија, потоа намалија на 330.000, па намалија на 200.000 фантомски гласачи. Потоа на 100.000, потоа едно време се збореше за некои 70.000 и еве сега се зборува за некои 39.000 кои што требало да бидат проверени. Затоа да оставиме во наредните денови нека бидат проврени тие 39.000 и да видиме дали и таму ќе се најде некој фантомски гласач – рече Груевски, по посетата на Пробиштип.