Пред судијата Огнен Ставрев да ги пушти бомбите во судница, на рочиштето за случајот ТНТ, Никола Груевски се побуни и истакна дека не е во ред тоа што судијата истакна дека ќе се работи цел ден.
-Сметам дека ова не е во ред и станува преседан. Ако и во други случаи работите до 18-19 часот тогаш нема проблем, но вие правите исклучок само за мене. Вие сте под некаков притисок, можеби на јавноста, политички притисок или на претседателот на судот, рече Груевски.
Сидијата се правдаше дека не е под притисок, дека за многу предмети се работи до доцна.
Груевски не се откажуваше и продолжи да го убедува судијата да прекине рочиштето или да се изведуваат останатите докази, како што бил договорот.
-Не сме подготвени за тие докази, моите бранители не се подготвени, па јас сум оставен сам, рече Груевски. Судијата му појасни дека тој одлучува за редоследот по кој ќе се изведуваат доказите и решил прво да се преслушаат бомбите.
Судијата Ставрев му рече на Груевски да седне бидејќи навистина се налутил и му потенцираше дека тој одлучувал за текот на постапката.
В.В.