Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски преку социјалните мрежи се присети на 1991 година кога Македонија прогласи независност на денешниот, 8 септември.
Тој го опиша моментот кога стоел на плоштадот, во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот.
Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во…
Publiée par Nikola Gruevski sur Dimanche 8 septembre 2019
„Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментарав дека всушност денес правиме држава.
Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов“, напиша во својот статус Груевски.