Груевски се пожали дека Судот за него работи и надвор од работното време

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ се пожали дека и денеска судењето траеше по завршување на работното време.

– И денеска, иако не толку како што во претходни прилики што се случуваше судењата да траат по 11 часа, Судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто е тоа потребно, затоа што случајот нема ниту итност, ниту е сложен, а ниту има притворени, што пак не е случај  и со други други личности во овој Суд, рече Груевски.

Според него, сите 11 сведоци денеска сведочеле во полза на одбраната и во исправноста на она што тие го тврдат.

– Ова е бесмислен и апсурден предмет, кој е дел од политичкиот прогон врз мене лично и врз моите соработници, истакна Груевски.

Смета дека денешното сведочење на сведоците е релевантно, затоа што тие се стручни лица кои во детали одговориле на нападите на обвинителството.

Поврзани новости