Никола Груевски во своето обраќање кон судот како обвинет во ТНТ истакна дека овој случај е политички монтиран.
-И овој процес како и останатите случаи е политички за да бидам срушен од власт, рече Груевски.
Тој исто така го оцени обвинението како апсурдно.
-Јас сум обвинет како потикнувач на потикнувачот на потикнувачот, на потикнувачот, што е само по себе апсурдно. Сакам да укажам дека во моето работење како лидер на партија 14.6 години сум имал голем дел на соработници, но никогаш по престанокот на соработката не сум се осветил со нешто што е креирано или измислено, а не сум ни прифатил да прикривам незаконско работење, рече Груевски.
Тој додаде дека во овој процес Апелациониот суд бил под притисок па ги прифати бомбите како докази.
– Во овој процес не се бираат средства, но еден ден се ќе исплива на површина – рече Груевски.
Тој се обиде да го оправда својот телефонски разговор со Јанакиески за рушењето на Космос.
Груевски појасни и дека Цановски свесно го прекршувал законот при градба за финансиска корист, сметајќи дека има политички и медиумски конекции за да се покрие.
-Никогаш не сме прекривале незаконско работење, рече Груевски.
Тој додаде дека тврдењето на СЈО дека на Цановски му се нанела штета, е паушално, бидејќи веќе во судска постапка е одбиено неговото барање за обештетување.
На крајот Груевски истакна дека овие процеси на СЈО се воделе поради политички прогон за да се сруши од власт, а на власт да дојде друга партија чија цел е редифинирање на државата, што според него веќе и се случувало.
В.В.