492
Наредната година планирано е да се инвестираат дури 400 милиони евра во инфраструктурата, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната посета во општина Кисела вода.
Тој појасни дека следната година ќе се заврши автопатот Демир Капија-Смоквица, а Скопје-Штип и Кичево-Охрид ќе се привршат, односно ќе дојдат до самиот крај.
– Тука се експресните патишта кои наскоро почнуваат да се градат и кои се во завршна фаза на подготовки. Тоа се Кочани-Штип, Штип-Радовиш, Ранковце-Крива Паланка, Градско-Прилеп, рече Груевски.
Тој додаде дека ова е најголемата инвестиција во инфраструктурата до сега.