По долги преговори и притисоци, убедување комбинирано со закани и нудење отстапки, или со “стап и морков” стратегија, денес се одржа однапред режирана седница во судот, од чии исход има најмалку правда и реална вина на оние кои ја признаа, а најмногу режии на политички судски прогони со долгорочни последици, од едно време кое никогаш не е видено на просторот на Македонија.
Вака на својот Фејсбук профил од Будимпешта го коментира признанието на вина на своите сопартијци, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски откако поранешни високи функционери на партијата признаа вина за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“.
Груевски, кој исто така е обвинет во овој случај, толкува дека целта на обвинителството со овој чин била, меѓу другите, да се извлече од пораз пред меѓународен суд бидејќи не може да заврши еден предмет кој по шест години е на самиот почеток, да ги прикријат актуелните криминали на власта.
-Сакаат да и овозможат на власта да објави некаков триумф дека нејзините политички противници на кои со години им врши тортура со политички мотивиран прогон сами си признале вина за наводно сторени кривични дела и во иднина да го користи тоа во секојдневната политичка битка со опозицијата.
Лажен триумф!
Трето, нивните изнудени признанија за вина во ситуација кога таа не постои, да се обидат да ги користат како аргумент во докажување на вината на останатите таргетирани и обвинети без вина, кои несакаат и одбија да прифатат себе понижување и прифаќање своја вина која објективно не постои, ниту пак потенцијално да наштетат на други лица и субјекти заради таквото признание.
Лажен аргумент! Изнуден со валкани методи!
Четврто да ги понижат обвинетите до таа мера да прифаќајки своја вина која не постои и која шест години аргументирано ја докажуваа, да направат една голема “флека” како за себе лично, така и за партијата, но и потенцијална штета на останатите неправедно обвинети во процесот.
Петто, обвинителството има за цел преку ваквите изнудени признанија на вина историски и правно да се обидат да ја покријат својата вина за една голема политичка хајка која ги има сите елементи на хајките на диктатурите и недемократските режими низ историјата. Еден ден кога ќе паднат како “кула од карти”, како што неодамна паднаа на локалните избори, никакви изнудени признанија на вина нема да може да ги покрие нивните валкани игри, злодела и вина за оваа досега незабележана политичка хајка во Македонија.
Ништо што ќе се пресуди во време на нивното владеење ќе нема значење во очите на мнозинството Македонци, пишува Груевски.
Додека тој е во Будимпета, неговите поранешни соработници се обвинети во по неколку случаи.