Македонската влада денеска објави два јавни повика за ангажирање на лица на раководни позиции во канцеларијата на владата и за советници на премиерот Никола Груевски во поедини подрачја. Како што информираше портпатолот Александар Ѓорѓиев, во првата категорија за раководните позиции се бараат лица на пет области, од кои странски инвестиции, поддршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол, како и правници. Што се однесува до советничките позиции, пак, се бараат советници за политички прашања, ЕУ, надворешни работи, животна средина, рударство и минерални суровини, култура, економија, индустрија и иновации, земјоделие, правосудство и администрација, енергетика, транспорт и врски, информациони технологии и комуникации и локална самоуправа.
– Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование за позицијата за која се пријавуваат, како и задолжително познавањето на англискиот јазик. Предност ќе имаат кандидатите со завршен втор или трет циклус на студии. Кандидатите потребно е да имаат лични успешни резултати во областа за која аплицираат, да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат вештини за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата – рече Ѓорѓиев.