Во отсуство на поголемиот дел од опозицијата, мандатарот Никола Груевски предмалку во собранието го предложи составот на новата влада и ја образложи владината програма.
Груевски рече дека новата влада е комбинација од мадоста и искуството, составена од компетентни и стручни кадри, кои, како што истакна, со чесна работа ќе се вложат во прогресот на државата.
Во однос на владината програма, тој посочи оти таа содржи пет стартешки приоритети – економски напредок, евроатланска интеграција, поздрави меѓуетнички односи, борба против криминалот и корупцијата и развој на образованието и информатиката.
– Ветеното е даден збор кој мора да се исполни и почитува, не само за следните избори туку и за репутација во околината – рече меѓудругото Груевски.
Во моментов се води дискусија меѓу пратениците на ДУИ и ДПА, во врска статусот и застапеноста на Албанците во владината агенда.