Груевски пред Чавушоглу: Потребен е брз прием на Македонија во НАТО!

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска, заедно со членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу.

„На средбата се разговараше за взаемните односи меѓу државите, стратешките интереси на Република Македонија поврзани со евроатланските интеграции и актуелната политичка состојба. Од соговорниците беше истакнато дека постои високо ниво на односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, Груевски истакнал дека стратешки интерес на Република Македонија е зачленување во НАТО, како и членство во Европската Унија, но, според него, Македонија е предолго надвор од процесите, па потребен е чекор кој ќе значи валоризирање и потврдување на се она што до сега е постигнато на тој план.

 

Поврзани новости