Груевски: Повторно минуваме низ период во кој се задира идентитетот

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка по повод Денот на независноста 8 Септември.

„Како држава издржавме бројни искушенија и поминавме многу премрежја. 26 години подоцна како народ и како држава повторно минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост, храброст и одлучност во носењето на одлуките и делувањето. Повторно минуваме низ период во кој се отвораат прашања што длабоко задираат во нашиот идентитет и немаме веќе ни малку простор и комоција да дозволиме непромислени одлуки чии последици би ги чувстувале долго во иднина. Антидржавните и антинационалните политики мора да ги оставиме зад нас. Тргување со највисоките државни и национални интереси не смее да се дозволи – се наведува во честитката на Груевски.

 

Поврзани новости