По големата победа што ќе ја постигнеме на изборите, невозможно ќе биде формирање на влада на широка коалиција со опозицијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Битола, притоа барајќи 63 пратеници за да биде отпорен на уцените од албанските партии.
-На 11 декември секој кој што сака да заврши оваа криза и сака стабилна Влада потребно е да излезе и да даде поддршка на оваа коалиција со победа и 63 пратеници. Има уште една причина, а тоа е дека ДУИ вели дека ако ВМРО нема доволно пратеници, тогаш за да се создаде Влада услов ќе биде предлог на премиер од ДУИ и ДПА. Затоа многумина не сакаат ВМРО да добие 63 пратреници, но затоа потребно е да го добијат најмасовното референдумнско гласање за победа на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Груевски.