Груевски патува за Америка на средба со Бајден

by Фокус

Премиерот Никола Груевски во понеделник ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави, во чии рамки треба да се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден, во Белата Куќа во Вашингтон.

Според МИА, се очекува теми на разговор да бидат продлабочувањето на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања, како и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Во истиов период има зачестини средби на релација Македонија-Грција во однос на спорот за името, па се претпоставува дека спорот ќе биде една од главните теми на разговор меѓу Груевски и Бајден.

Поврзани новости