556
Oваа влада е посветена исклучиво само на прашањето за промена на името на државата и тоа со спуштени преговарачки позиции како никогаш досега, рече пратеникот Никола Груевски пред да почне гласањето за интерпелацијата што ја поднесе ВМРО – ДПМНЕ.
-Ова е трчи-лажи влада која секому му ветуваше што сака да слушне. Влада која верува и се надева дека на следните избори меѓународната заедница ќе им легализира нов изборен криминал затоа што ќе ги продадат нашите национални интереси и не се свесни дека ќе доживеат сериозен дебакал кои ќе го остават СДСМ во нови 10 години во опозиција. Сакам да му препорачам на Зоран Заев навреме да си се повлече од политиката, пред штетите да се преголеми – додаде Груевски.