Екс премиерот Никола Груевски во живо во емисија на порталот „Инфомакс“ демантираше дека тој ги напишал измените на Кривичниот законик и дека потоа на УСБ му ги дал на Али Ахмети.
„Тоа се удбашки мотоди. Изненаден сум од тоа што го прават овие луѓе. Наместо да се фокусирани да ја паднат оваа Влада тие се занимаваат со мене. Оваа Влада беше зрела да падне уште во 2020 година“ – изјави Никола Груевски.
Екс премиерот демантира дека е „во игра“ со Зоран Заев и Димитар Ковачевски за промена на Уставот. Вели дека немал разговор со пратеници повеќе од една година.
Тој вели дека граѓаните се незадовлни од актуелните политичари и од власта и од опозицијата, па затоа неговиот рејтинг кај народот се уште е сериозно висок, иако тој од февруари 2019 година не се појавил во македонската јавност.
„Премногу лаги, премногу интриги, премногу зла крв. Ако решат да се занимаваат со мене до изборите – тука сум“ вели Груевски.