364
Македонија е под жесток напад, на кој молчиме и чекаме да помине. Не реагиравме на начин како сте навикнале. Но доста беше, бидејќи време е Македонија да одговори. Вака премиерот Никола Груевски го започна неговиот говор на народниот собир во Скопје.
– Моментално ни се случува диктатура на политичкото малцинство. Мислеа дека ќе не исплашат со сечени, лепени и креирани снимки, со лажни воведи и наративи, со терористички банди, но еве го одговорот дека Македонија не се предава, Македонија е силна. Им порачуваме – нема повлекување, нема потклекување, нема предавање! – рече Груевски.