Екс премиерот, Никола Груевски, осуден на две години затвор во судскиот предмет „Тенк“, по одлуката на Апелација која денеска ја потврди првостепената пресуда, изјави дека уште пред еден месец предвидел каква одлука ќе биде донесена.
-Пред околу еден месец јас ја искоментирав одлуката за случајот „Тенк“, односно уште тогаш кажав дека ќе биде донесена одлука под политички притисок. Апелационите судии беа под политички притисок. Овој случај беше класичен политички прогон против мене бидејќи ме обвинија дека сум влијаел да се купи автомобил во кој ќе се возат други, а понекогаш и јас – рече Груевски.
На новинарско прашање во врска актуелната ситуација во која се потребни пратенички гласови од опозицијата за изглсување на уставните измини, Груевски рече дека нема да се трампа за амнестија.
-Никогаш нема да гласам за уставни измени, никогаш нема да го изневерам овој народ – рече тој и додаде дека ќе ги искористи сите правни лекови против одлуката на Апелација.