Груевски негира дека го организирал упадот во Собранието

by fokus

Бегалецот Никола Груевски од Будимпешта се огради од насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието. На прашањето на новинарката на „Сител“ дека загрозениот сведок го споменал како директен организатор на „крвавиот четврток“, тој рече дека немал никаква врска со упадот во Собранието.

-Не, никогаш не сум организирал насилство во Парламентот, или упад, ниту пак преќутно сум одобрил такво нешто, истакна Груевски.

Поврзани новости